ЕКСПОЗИЦИЈА

Блерим Сејди

Градоначалник
Движење БЕСА

Бљерим Сејди е роден на 04 септември, 1985 година во Тетово. Завршил средно образование во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа „УЈИЕ“, а на Универзитетот „ФОН“ во Скопје завршил постдипломски студии на правосудната насока. Бил генерален секретар на Фудбалскиот клуб ,,Шкендија” од Тетово и шеф на Правното одделение на Меѓународниот универзитет „Балкан- Скопје“, потоа директор на Фондацијата «УСКУП» – Скопје, надворешен правен консултант и член на неколку невладини организации. На локалните избори во 2017 година граѓаните му ја довериле градоначалничката функција во Општина Желино.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

15.500 евра

Бљерим Сејди пријавил имотна листа во која се наведени вредности само за две ставки и тоа за двата автомобила Голф 5 и Ауди А6. Тие се проценети на 5.500 односно 10.000 евра. Сејди пријавил удели, трансакциона сметка на свое име, а од имотот на своите родители ги пријавил земјиштето во с.Копачин Дол и куќата со двор, како и една третина од Бензиска пумпа во КО Групчин.

 

Вредноста на имотниот лист на Блерим Сејди изнесува 15.500 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП пишуваше за градоначалници кои се газди и шефови на здруженија, па така Бљерим Сејди се најде на листата како газда на трговското друштво „Друштво за консалтинг и услуги ЈАНЕРИ КОНСАЛТИНГ ДОО, Мала Речица, Тетово“.

Вкупен имот во € по години