ЕКСПОЗИЦИЈА

Жика Стојановски

Градоначалник
ВМРО-ДПМНЕ

Жика Стојановски е роден на 9 ноември, 1963 година, во Куманово. Дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање Дипломиран машински инженер. Магистрирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, со што ја добил академската тутула Магистер по економски науки. Како машински инженер работел во МЗТ Опрема, Скопје, од 1996-1998 бил технички директор во „Импласт“-Скопје, а потоа бил именуван за директор на Јавното комунално претпријатие „Илинден“. Во 2005 година, на локалните избори, за прв пат станал градоначалник на општина Илинден, потоа довербата од жителите на Општината ја добил и на локални избори, во 2009 и во 2013, како и на локалните избори во 2017 година, кога по четврти пат станува градоначалник на општина Илинден. Во текот на овие мандати Стојановски реализирал повеќе проекти во сферата на Локалниот економски развој, посебно во формирањето на локални економски зони и реализација на инвестиции- реализирани се 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ) со што невработеноста во општина Илинден од 38 % е намалена на 6 %. Под негово раководење, општина Илинден се здобила со меѓународен сертификат за управување со квалитет ISO 9001:2008, добила меѓународно признаен кредитен рејтинг, како и наградата од Европската Унија за „Локален економски развој“. Стојановски е претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС во периодот 2013-2017 година. Автор е на книгата „Управување со современите фактори на растот на локално ниво, Градење на локална самоуправа заснована на знаење.“

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

11.870 евра
87.686 евра

Жика Стојановски пријавил имот вреден 99.555 евра. Тој посеедува куќа во село Марино, вредна 25.528 евра и стан во Скопје од 62.157 евра. Стојановски не дал податок колку вредат ставките што ги поседува со неговата сопруга, додека пак автомобилот на неговите деца, односно Фолксваген Поло е проценет на 5.854 евра. Додека пак другите два автомобила што ги поседува Стојановски, Ланд Ровер Фрилендер и Фолксваген Голф вредат 1.951 односно 4.065 евра.

Вредноста на имотниот лист на Жика Стојановски изнесува 99.555 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Жика Стојановски за периодот од почетокот на 2009 до крајот на 2017 година како градоначалник продал градежно земјиште во вредност од околу 518 милиони денари, или околу 8,5 милиони евра, објави Заводот за ревизија.
Една од критиките на Заводот беше дека општините немаат план и програма за правилно и наменско користење на средствата од продадените парцели.

Медиумите известуваа дека во 2018 година граѓаните на општина Илинден покренале меѓународна истрага за непочитување на Законот за денационализација и позитивно-правната регулатива против Стојановски, кој отуѓил спорен имот, и со тоа извршил противзаконско дејство за што граѓаните се надеваат на отпочнување на постапка за кривична одговорност на Стојановски. Со овој чин покрај прекршувањето на веќе споменатиот Закон, дополнително ги оштетил и правните лица на кои им го продал спорниот имот.

Вкупен имот во € по години