ЕКСПОЗИЦИЈА

Стефан Богоев

Градоначалник
СДСМ

Стефан Богоев е роден на 28 август, 1989 година во Скопје. Дипломирал во јуни 2011 на Бизнис Администрација, при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Магистрант е и стипендист на Американ Колеџ – Скопје, „Применета економија“. Богоев учествувал на повеќе работилници и дебати за меѓународни односи. Како дел од практично стекнатите искуства е неговото учество во претседателската предизборна кампања на Хилари Клинтон, во САД, Вашингтон, (септември, 2016 година). На предвремените парламентарни избори, во 2014 и во 2016 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а во 2017 година на локалните избори е избран за градоначалник на Општина Карпош.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

3.801 евра
76.000 евра
61.545 евра

Стефан Богоев пријавил имот вреден 141.346 евра. Тој располага со автомобил од 1.300 евра за кој не е наведена марката, а неговата сопруга со автомобил од 2.500 евра. Богоевски со сопругата поседува стан во Карпош вреден 76.000 евра, а на свое име пријавил и кредит од 50.000 евра. Додека пак, неговата сопруга има кредит од 9.919 евра. На кредитната картичка, таа располага со 1.626 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Стефан Богоев изнесува 141.346 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

 

 

Медиумите пишуваа за поврзаноста на актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев со првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13), како и нивна семејна поврзаност во бизнис. Исто така се спомнува дека Богоев ја имал најскапата индивидуална кампања за поединец во историјата на избори во Македонија, која притоа била финансирана од Боки 13.

Богоев имал склучено и Меморандум за соработка со невладината на Јовановски, а медиумите ја пренесуваа и изјавата на Богоев каде тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13 иако се пишуваше дека  Јовановски и  Јасна Мандиќ, авторката на идејата за европски дом за возрасни лица се обврзале дека ќе наменат пари за изградба на третиот во низа планиран старечки дом во општина Карпош.
Богоев, сведочеше во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за аферата „Рекет“.

Вкупен имот во € по години