ЕКСПОЗИЦИЈА

Рубинчо Шефтероски

Градоначалник
СДСМ

Рубинчо Шефтероски е роден на 03 април, 1974 година во Прилеп. Своето образование го започнал во ОУ„ Јонче Смугрески“ во Обршани, додека средно образование завршил во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Во моментов ги привршува студиите на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „ Гоце Делчев“ во Штип. Во приватната фирма ,,Центар’’ од Бела Црква – општина Кривогаштани, работел како управител 16 години. Во 2013 до 2015 година бил член на Советот на Општина Кривогаштани, а во 2017 година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

 

59.942 евра
337.170 евра
40.000 евра
45.505 евра

Во анкетниот лист на Рубинчо Шефтероски доминира имотот на неговите родители кој се состои од станови, земјоделски земјишта, градини, градежни земјишта, земјишта под објект, куќи, лозја, овошни градини, машини и друга опрема и моторни возила. Како личен имот Шефтероски има наведено четири стана, три во Прилеп и еден во Охрид, трактор ТАФЕ и две моторни  возила: Пежо Боксер и Пежо 206.

Вредноста на имотниот лист на Рубинчо Шефтероски изнесува 482.616 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години