ЕКСПОЗИЦИЈА

Љупчо Бојаџиев

Градоначалник
СДСМ

Љупчо Бојаџиев е роден на 09 јуни, 1955 година, во Ново Село, Струмица. Живее во Кратово од 1980 година. Средно образование завршил во Велес, на струката , хемиско технолошкитехничар. Дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ, во 1988 година во Скопје, каде се стекнал со дипломата Доктор за општа медицина и се вработил во ЈЗУ „Здравствен дом“- Кратово. Во период од 1999 до 2004 стажирал на катедрата по очни болести во Скопје, положил специјалистичкиот испит во 2004 година и работел како доктор специјалист офталмолог. Од 1999-2003 година бил директор на ЈЗУ „Здравствен дом“- Кратово, а на оваа функција повторно е именуван во август 2017 година. Претседател е на Општинскиот одбор на Лекарската комора на Македонија и член во Комисијата за стручни прашања. На локалните избори во 2017 година е избран за Градоначалникот на општина Кратово.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

18.211 евра
13.984 евра

Љупчо Бојаџиев во анкетниот лист има четири ставки од кои две на име на сопруга: две моторни возила Санг Јонг Кирон и Цитроен БХ и дел од куќа и стан за чие сопствеништво не дал податок.

Вредноста на имотниот лист на Љупчо Бојаџиев изнесува 32.195 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години