ЕКСПОЗИЦИЈА

Курто Дудуш

Градоначалник
СДСМ

Курто Дудуш е роден на 07 декември, 1974 година. Завршил средно -гимназиско образование, а во тек се неговите универзитетски студии. Во период од 1995 до 2000 година бил на работен ангажман во Мајнхајм, Германија, како менаџер во реномираната корпорација „Виледа“, а потоа во период од 2001 до 2016 година станал директор на сопствена компанија, со седиште во Општина Шуто Оризари. На парламентарните избори во 2016 година бил избран за пратеник во Парламентот на Република Македонија, каде учествувал во креирањето на развојните политики наменети за подобрување на животниот стандард на Ромите на земјата. За време на локалните избори во октомври, 2017 година е избран за градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

65.041 евра
2.500 евра
32.520 евра

Курто Дудуш во својот имотен лист има пријавено само личен имот и тоа: земјиште и куќа во Скопје вредни 97.500 евра и девизен депозит од 2.500 евра.

Вредноста на имотниот лист на Курто Дудуш изнесува 100.061 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Курто Дудуш призна вина за нападот врз Демир Исмаил и доби судска опомена.

Вкупен имот во € по години