ЕКСПОЗИЦИЈА

Исен Асани

Градоначалник
ДУИ

Исен Асани е роден на 20 јануари, 1967 година, во село Доброште. Основно образование завршил во родното село а, средно во Тетово. Во 1994 година завршил Филозофски факултет, отсек историја, на Универзитетот во Приштина. На Државниот Универзитет во Тетово следи магистерски студии за „Историја на дипломатијата“. Од 1994 година до 1995 година бил професор по историја во ОУ „Фаик Коница“ а од 1998 година до 2009 истиот предмет го предава во ССОУ „ Моша Пијаде“ во Тетово. Бил раководител на месната заедница во село Доброште и претседател на Здружение на независни фармери за развој на земјоделството, како и претседател на Независна водна заедница. На локалните избори во 2017 година, последователно, по трет пат ја добил довербата од жителите на општина Теарце.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

1.171 евра
97.561 евра
68.148 евра
24.390 евра

Исен Асани во својата имотна листа има наведено земјоделско земјиште и куќа во с.Доброште, денарска штедна книшка, денарски депозит и кредит, секој по 16.000 евра. На име на деца има моторно возило Сузуки самураи, а на имот на брат има депозит од 21.000 CHF.

Вредноста на имотниот лист на Исен Асани изнесува 191.270 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Општина Теарце ретко одговара на барањата на новинарите, поставени според Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, па така се наоѓа на црната листа на СКУП во однос на транспаретноста. Ова општина нема буџетски графа каде што можете да се видат планираните или реализираните средства за плаќање сметки во ресторани или кафулиња. Всушност, оваа општина има неколку буџетски ставки кои се именувани како “други трансфери”, “различни трансфери” … Како ставка која донекаде ги рефлектира трошоците за репрезентација е именувана како “други тековни расходи”.

 

Вкупен имот во € по години