ЕКСПОЗИЦИЈА

Азем Садики

Градоначалник
Демократска партија на Албанците

Азем Садики е роден на 1 февруари, 1971 година во Студеничани. Основно образование завршил во О.У. ,,Наим Фрашери“ во Студеничани, а средно во природно –математичка гимназија во Приштина. Дипломирал на Универзитетот „МИТ“ во Скопје, на насока, бизнис -менаџмент. Работел како сметководител, во семејното претпријатие. Во периодот од 2007 до 2009 бил директор на Државен студентски дом „Пелагонија“. Од 2000 година до 2005 година бил градоначалник на општина Студеничани, а потоа повторно бил избран во мандатот од 2013 до 2017 година, кога е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС. На овие локални избори по трет пат ја добил довербата од граѓаните за извршување на градоначалничката функција на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

7.317 евра
29.268 евра
29.268 евра

Азем Садики има изјавено дека поседува куќа и моторно возило Мерцедес Вито. На име на неговите родители пријавил земјоделско змјиште во Студеничани.

Вредноста на имотниот лист на Азем Садики изнесува 65.854 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП објави листа на градоначалници кои се дел од сопствеништвата на спортски клубови. Азем Садики се најде на листата сопственици, како дел од клубот БОРЕЧКИ КЛУБ СТУДЕНИЧАНИ С.Студеничани.

Вкупен имот во € по години