ЕКСПОЗИЦИЈА

Жаклина Јовановска

Градоначалник
СДСМ

Жаклина Јовановска е родена на 30 август, 1971 година во село Драгоманце. Дипломирала на Meѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе, каде се здобила со звање дипломиран економист- менаџмент на организација. Од 2011 година работела во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово на работно место, советник за безбедност при работа, во Секторот за човечки ресурси. Во два мандата била член на Советот на Општина Старо Нагоричане, и тоа во периодот од 2005-2009 и од 2009 до 2013 година. Во 2017 година, на локалните избори е избрана за градоначалничка на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

9.106 евра
78.699 евра
21.301 евра
48.780 евра

Жаклина Јовановска поседува стан во Куманово вреден 39.000 евра и кредит од 19.000 евра. На име на брачен другар во нејзиниот анкетен лист се пријавени земјиште, куќа, трактор, Комби Ивеко, автомобил Мерцедес и субвенции.

Вредноста на имотниот лист на Жаклина Јовановска изнесува 157.886 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години