ЕКСПОЗИЦИЈА

Сашо Велковски

Градоначалник
СДСМ

Сашо Велковски е роден во Свети Николе, во 1971 година. Основно образование завршил во родниот град во ООУ„Кирил и Методиј“, а средно во Велес во СОУ „Јовче Тесличков“, економска насока. Во 1990 година запишал студии на Економскиот факултет во Прилеп, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, насока Економија на претпријатие и дипломирал во 1995 година. Во 1998 година се вработил во Управата за јавни приходи на Свети Николе, а во 2008 година бил распределен за советник за регистрација и услуги во УЈП регионална дирекција Штип. Во учебната 2009/2010 година се запишал на постдипломски студии на Економскиот факултет во Прилеп, по студиска програма –„Сметководство, финансии и ревизија“ и магистрирал во 2011 година со одбрана на завршниот труд со наслов „Теоретско методолошки проблеми и постапки при ревизија на финансиските извештаи во функција на финансиска анализа на работењето на деловните субјекти во Република Македонија“ со што се стекнал со звање Магистер по сметководство, финансии и ревизија. Во 2017 година на локалните избори граѓаните го избираа за градоначалник на Општина Свети Николе.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

2.033 евра
66.455 евра
35.170 евра
618 евра

Сашо Велковски поседува куќа и стан во Свети Николе, автомобил Ауди А4, приоритетни акции, два девизни депозити и кредит од 18.000 евра. На име на неговите родители има земјиште и лозје во Свети Николе.

Вредноста на имотниот лист на Сашо Велковски изнесува 104.276 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години