ЕКСПОЗИЦИЈА

Блерим Беџети

Градоначалник
ДУИ

Блерим Беџети е роден 16 октомври, 1976 во село Глумово, во Општина Сарај. Дипломирал право на Универзитетот во Приштина. Во периодот од 2002-2005 бил виш соработник во Министерството за правда, а од 2005-2006 отворил Адвокатска канцеларија. Во 2006 бил избран за Пратеник во Собранието на Република Македонија и бил член на Законодавна – правна комисија како и на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Во 2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и бил претседател на Комисијата за локална самоуправа. Исто така, бил и заменик претседател на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и заменик член на Комисијата за европски прашања. На локалните избори во 2009 година е избран за градоначалник на Општина Сарај, кога станал и член на Управниот одбор на ЗЕЛС. Во 2011 година е именуван за министер за правда во Владата на Република Македонија. Оваа функција ја извршувал до 2014 година. На локалните избори во 2017 година по втор пат стана градоначалник на Општина Сарај.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

45.000 евра
29.384 евра
24.390 евра

Блерим Беџети поседува моторно возило Мерцедес Е350 ЦДИ, депозит од 8.400 евра, заштеда од 17.000 евра и златен накит и часовници вредни 3.252 евра. На име на родители има наведено куќа, на име на брален другар моторно возило Фолксваген Пасат ЦЦ, орочен денарски депозит и златен накит и часовници вредни 21.138 евра.

Вредноста на имотниот лист на Блерим Беџети изнесува 98.774 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Новинар од „Порталб“ доби закани по објава на текст за Блерим Беџети. Здружението на новинари ги осуди нападите и заканите.

Антикорупциската комисија побара од обвинителството да отвори истрага против Блерим Беџети за дивите платформи на Матка.

Градоначалникот на Сарај упати сериозни обвинувања на сметка на премиерот Зоран Заев, тврдејќи дека барал поништување на легализирана дивоградба на Матка и влијание врз членови на судскиот совет при гласањето за смена на Вангеловски.

Во времето кога Беџети бил министер за правда, во медиумите се обелодени веста дека тој не потпишувал екстрадиција на обвинети во случајот „Монструм“.

Вкупен имот во € по години