ЕКСПОЗИЦИЈА

Коста Јаневски

Градоначалник
СДСМ

Коста Јаневски е роден на 13 мај, 1960 година, во Штип. Основно и средно училиште завршил во Струмица, а Медицински факултет во Скопје. По завршувањето на факултетот се вработил во Општата болница во Струмица. Во 2002 година специјализирал интерна медицина. Од 2009 до 2013 бил избран за член на Советот на општина Струмица. На локалните избори во 2013 повторно бил советник во општината се до изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија, во 2016 година. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општина Струмица.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

1.463 евра
261.298 евра
9.756 евра

Коста Јаневски поседува куќа од 112.176 евра, моторно возило Опел Вектра и кредит од 9.756 евра. На име на неговите деца пријавил стан од 138.000 евра во Скопје, а како заеднички имот куќа во Струмица.

 

Вредноста на имотниот лист на Коста Јаневски изнесува 272.517 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години