ЕКСПОЗИЦИЈА

Рамис Мерко

Градоначалник
ДУИ

Рамис Мерко е роден на 12 април, 1957 година во Струга. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Земјоделски факултет на Универзитетот во Приштина. Во периодот 2008 -2010 година бил на постдипломски студии, а од 2010 до 2013 се стекнал до докторската титула. Од 1980 до 1982 година бил раководител на производство во Земјоделски комбинат, потоа бил виш референт во Агенција за развој на земјоделството и од 1990 до 2003 година бил управител на приватен семеен бизнис –Земјоделска аптека. Од 2003 до 2005 бил раководител на Фондот за здравство во Струга. За прв пат за градоначалник на Општина Струга бил избран во 2005 година и потоа повторно во 2009 година. Од 2013 до 2014 година бил универзитетски професор, доцент на Меѓународниот Универзитет во Струга, а од 2014 до 2016 година е член на Парламентот на Република Македонија. Во 2017 година е именуван за министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за странски инвестиции. На локалните избори во 2017 година по трет пат граѓаните го избираат за градоначалник на Општина Струга.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

511.939 евра
80.149 евра
459.457 евра

Анкетниот лист на Рамиз Мерко се состои од личен имот и една ставка на име на брачен другар  во форма на побарување по основ на даден заем од 14 илјади евра. На негово име има деловен простор, две земјоделски земјишта, куќа и шума, сите во Струга, како и стан во Драч, Албанија. Мерко и на свое име има побарување по основ на даден заем од 29.268 евра, договор за закуп на земјиште, приход од кирија како и девизна и денарска сметка.

Вредноста на имотниот лист на Рамиз Мерко изнесува 1.051.545 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Првиот човек на Струга беше осомничен дека работел противзаконски и против јавниот интерес, трошејќи ги парите на општината на нетранспарентен начин. Поради тоа, Антикорупциската комисија започна кривична постапка против него.

На тапет во јавноста Рамиз Мерко се најде откако се објави веста дека се подновил со луксузно возило од 70.000 евра.

Истражувачката репортерска лабораторија објави видео за градоначалникот, насловено „Локален шериф – Рамис Мерко“.

Вкупен имот во € по години