ЕКСПОЗИЦИЈА

Дарко Блажески

Градоначалник
СДСМ

Дарко Блажески е роден на 16 март, 1975 во Тетово. Живее во населено место Јегуновце. Завршил на Европскиот универзитет, на Факултетот за детективи и криминалистика и станал дипломиран детектив. Од 2002 година бил управител на „НЕДА-ПРОМ“- Јегуновце. Блажески поседува добри организациски способности и е успешен во тимско работење. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општина Јегуновце .

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

 

 

18.000 евра
40.746 евра
36.177 евра

Дарко Блажески поседува имот од 94.923 евра. Тој располага со три земјишта за кои не е наведена вредноста во имотниот лист. Покрај ова, Блажески има куќа во село Јегуновце и куќа со помошни простории во истото село. Има едно побарување по основ на даден заем во вредност од 6.993 евра, девизен депозит од 1.649 евра, две трансакциски сметки до 7.366 односно 999 евра, како и еден кредит од 9.919 евра. Неговата сопруга има кредит од 9.252 евра, а со неа Блажески поседува удели за кои не е запишана вредноста, како и автомобил Ауди Q7 од 18.000 евра.

Вредноста на имотниот лист на Дарко Блажески изнесува 94.923 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП пишуваше за градоначалниците кои се газди и шефови на здруженија. Дарко Блажески се најде на листата сопственици во трговски друштва, како сопственик на:

  • Друштво за производство, угостителство и трговија, трговија и услуги НЕДА ПРОМ ДОО експорт-импорт с.Јегуновце;
  • Друштво за производство, угостителство и трговија ЗОНА-КОМ-ДБ ДОО експорт-импорт Јегуновце;
  • Друштво за производство, трговија и услуги СИЛА ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт с.Јегуновце, Јегуновце.

Вкупен имот во € по години