ЕКСПОЗИЦИЈА

Јордан Насев

Градоначалник
СДСМ

Јордан Насев е роден на 28 април, 1968 година во Штип, со живеалиште во село Таринци. Дипломирал во 1993 година, на Филолошкиот факултет, ,,Институт за Обрана,, во Скопје, на Универзитетот „ Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Од 14 јануари 1998 година до 06 мај 2009 година ја извршувал функцијата директор на JП за комунално – производни и услужни дејности ,,Плачковица“ – Карбинци. Од јули 2004 до декември 2005 година е член на Надзорниот Одбор на ХС ЈП ,, Злетовица“ – Пробиштип. Исто така бил претседател на Фудбалскиот клуб „Таринци“. Го сака спортот, особено сака да игра фудбал. Во периодот 2013-2017 бил член на Советот на општина Карбинци, а на локалните избори оваа година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

10.569
74.468 евра
21.157

Јордан Насев пријавил имот вреден 106.194 евра. Во имотната листа наведени се ставки кои припаѓаат на неговите родители или неговата сопруга. Па така, сопругата на Насев поседува гаража и стан во Штип, стан и градежно земјиште во Кочани, како и автомобил ВВ Голф. Родителите на Насев располагаат со градежно земјиште, земјиште под објект, куќа и помошни објекти во с. Таринци.

Вредноста на имотниот лист на Јордан Насев изнесува 106.194 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години