ЕКСПОЗИЦИЈА

Фатмир Дехари

Градоначалник
ДУИ

Фатмир Дехари е роден на 17 септември, 1974 година во село Србица, Кичево. Основно училиште завршил во родното село, а средно образование во Елбасан ( Р. Албанија). Со високо образование се стекнал на Приштинскиот универзитет, а по дипломирањето работел во гимназијата „Џевдед Дода“ во Приштина, како професор. До 2001 година работел како асистент на универзитетите во Приштина. Во периодот од 2002 до 2006 година бил заменик министер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а од 2008 година до 2009 бил директор на регионалната единица во Кичево, во ЈП „ Македонски пошти“. Во 2009 година, жителите на тогашната општина Осломеј го избрале за градоначалник. Во јуни 2011 година магистрирал на Универзитетот во Тирана, на Факултетот за социјални науки, на одделението за социјални работи и политики, а докторирал во 2015 година, во истата област. Предавал на Државниот универзитет во Тетово. Во 2013 година е избран за градоначалник на општина Кичево, кон која, во согласност со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија се соединија општините: Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Во јуни, 2011 година беше избран за член на Управен одбор на ЗЕЛС, а оваа функција ја вршеше и во мандатот 2013-2017 година. На локалните избори во 2017 година, по трет пат е избран за градоначалник.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

8.781 евра
213.008 евра
5.904 евра
74.797 евра

Фатмир Дехари поседува имот од 302.489 евра. На свое име тој ја пријавил само месечната плата од 993 евра. Останатиот имот припаѓа на неговите родители во с. Србица и тоа: земјоделско земјиште, две куќи, штала, една ставка со финансии од 976 евра, како и месечна пензија од 146 евра. Неговиот брат зема месечна плата од 4.472 евра, а сопругата од 293 евра. Дехари ги пријавил и двата автомобила на неговиот брат Југо 65 и Ауди А4.

Вредноста на имотниот лист на Фатмир Дехари изнесува 302.489 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во 2019 беше објавена бомба од Ел Чека, каде во разговор Фатмир Бесими како шеф за Евро Интеграции, вели дека ќе му купи облека на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари со пари од ИПА фондови на ЕУ.

Вкупен имот во € по години