Градоначалник
Живко Силјаноски е роден на 09 март, 1959 година во село Тажево, Општина Македонски Брод. Дипломирал на УКИМ- Шумарски факултет во Скопје, во 1983 година. Во 1984 година се вработил во ЈП Македонски Шуми, подружница „Јане Сандански“ во Македонски Брод, каде во периодот од 2000 до 2004 година бил назначен за технички директор а, од 2005-2006 бил директор на оваа подружница. На локалните избори 2013 година е избран за член на Советот во општината. Повторно, во текот на 2017 година е назначен за директор во ЈП „“ –Подружница Македонски Брод се до изборот за градоначалник.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Живко Силјаноски поседува куќа во Македонски брод и моторно возило Ауди А3. Како заеднички имот е наведен стан во Скопје и кредит од 19 илјади евра.
Вредноста на имотниот лист на Живко Силјаноски изнесува 92.520 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.