ЕКСПОЗИЦИЈА

Боро Стојчев

Градоначалник

Боро Стојчев е роден на 12 декември, 1964 година во Ново Село. Средно образование завршил во СОУ “Јане Сандански” во Струмица, насока – Економски техничар. Потоа образованието го продолжил на Економскиот факултет во Скопје. Работното искуство го започнал во земјоделската задруга “Единство” во Ново Село. Од 1991 година основал приватна фирма и семејниот бизнис го води до изборот за градоначалник на Општина Ново Село. Тој е страстен љубител на ловот и успешно управува со Ловното и риболовното друштво „Елен “ повеќе од 12 години , односно од 1988 година до 2000 година. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општина Ново Село.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Боро Стојчев во својот анкетен лист од личен имот има пријавено само едно земјиште од 813 евра во Ново Коњарево како и лизинг од 32.000 евра На име на неговата сопруга е наведено земјиште во Смолари, две моторни возила, Ландровер дискавери и Митсибуши галопер и 70 сандаци со пчели. На име на неговите деца пријавил куќа во Ново Коњарево и моторно возило Митсибуши. Неговите родители имаат земјиште, машини и друга опрема помеѓу кои: Фергусон 542, Фергусон 690, ТГ 75 и две Сузуки. Како имот на родители е наведено и сточарство – 71 крава.

 

Вредноста на имотниот лист на Боро Стојчев изнесува 560.163 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години