ЕКСПОЗИЦИЈА

Љубе Кузманоски

Градоначалник

Љубе Кузманоски е роден на 15 јули, 1962 година во село Канатларци, општина Прилеп. Дипломирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и по професија е дипломиран менаџер по туризам и угостителство. Своето работно искуство го започнал во 1986 година, во најголемиот рударско енергетски капацитет РЕК „Битола“ каде бил се до стапувањето на функција – градоначалник на општина Новаци.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Љубе Кузмановски поседува куќа во Новаци, три моторни возила:Ауди А4, Југо 45 и Моторцикл Веспа Генерик. Тој има и два кредити. На име на неговите родители е пријавена куќа во Новаци.

Вредноста на имотниот лист на Љубе Кузмановски изнесува 50.325 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години