ЕКСПОЗИЦИЈА

Борче Митевски

Градоначалник

Борче Митевски е роден на 06 август, 1961 година во Скопје. Дипломиран економист по бизнис администрација станал во 2010 година на ПВПУ „Еуро колеџ“ во Куманово. Во периодот од 1980 до 1993 година бил вработен во ЗЕМ промет Маркетинг Контрола, а потоа до 2008 година работел во ЈПАУ Македонија, Аеродром „Александар Велики“ како шеф на службата за физичко обезбедување. На локалните избори во 2017 година граѓаните му го доверуваат третиот, последователен мандат за градоначалник на општина Петровец, после локалните избори во 2009 и во 2013 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Борче Митевски поседува две куќи, една во Петровец една во Ржаничино, гаража и моторно возило Ауди А8. На име на деца има пријавено куќа во с.Дивље и моторно возило Ауди А6.

Вредноста на имотниот лист на Борче Митевски изнесува 125.203 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години