ЕКСПОЗИЦИЈА

Градоначалник

Блаже Станков е роден на 31 мај, 1959 година во Кочани. Своето основно и средно образование ги завршил во родниот град а, студиите ги продолжил во Охрид на Факултетот за туризам и угостителство. Од 1986 година работел како приватен угостител во Виница, а од 1991 година угостителската дејност ја продолжил во Зрновци. Од 1999 -2002 година работел како началник на Подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Кочани. Од 2002 – 2009 година работел како приватен угостител во ДООЕЛ „ Аминта“ – Зрновци. На локалните избори во 2017 година по трет пат , последователно ја доби градоначалничката функција на Општина Зрновци, после локалните избори во 2009 и во 2013 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Блаже Станков поседува имот вреден 168.065 евра. Сопственик е на недвижен имот вреден 165.138 евра, кој се состои од двор, земјиште, земјоделско земјиште и две куќи, од кои едната пријавена како личен, а другата како заеднички имот. Поседува моторно возило Пежо Партнер 2007/2008 вредно 2.927 евра.

Вредноста на имотниот лист на Блаже Станков изнесува168.065 евра.  и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години