ЕКСПОЗИЦИЈА

Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
СДСМ

Фатмир Битиќи е роден на 26.10.1975 година. Дипломирал  бизнис aдминистрација, насока бизнис менаџмент на Универзитетот во Тирана, Албанија (1994 – 1999г.).

Според биографијата објавена на официјалната веб-страна на Владата, Битиќи е интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со преку 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.

Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот.

Од 2008 година активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови и важи за еден од водечките професионалци за оваа област во регионот.

Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер.

Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства од областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот.

Во aприл 2018г. е ангажиран како посебен советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на истражувања и анализи за политики, стратегии и теми поврзани со економијата како и подготовка на професионални мислења, коментари и препораки. Член е на Економскиот совет на Владата и дел од Советот за економски реформи и одржлив развој, одговорен за подобрување на политиките во деловното окружување.

Од август 2019 ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.

Битиќи активно зборува пет јазици: македонски, албански, англиски, германски и српски/хрватски.

До 2 ноември 2020, Фатмир Битиќи немаше приложено имотен лист до Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) со што јавноста нема пристап до неговата имотна состојба при превземање на функцијата на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Според Член 28 од Законот за спречување на корупција и конфликти на интерес, секој функционер е должен најдицна до 30 дена да приложи имотен лист до ДКСК.  „Избрано или именувано лице, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, нотар, извршител, административен службеник од категоријата А утврдена со закон или лице вработено во кабинетите на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министрите и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заради извршување на работни задачи на посебен советник, при изборот, именувањето назначувањето, односно вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, назначувањето односно вработувањето поднесува изјава за имотна состојба и интереси.“

Актуелниот состав на Владата беше изгласан на 31 август 2020, кога и Битиќи станува вице-премиер.

По пишувањата на платформата ПЕП, на 11 октомври 2020 година Битиќи, ДКСК ја објави имотната состојба на Битиќи откако истата била доставена со задоцнување.

Како личен имот пријавил стан во Скопје со површина од 343 м2, со вкупна вредност од 280.000 евра и моторно возило „Фолксваген T-ROC 2018/2018“ во вредност од околу 20.000 евра. На име на сопругата пријавил „Мерцедес Е220 2017/2020“ во вредност од околу 30.000 евра и сопственички удел во компанија во износ од околу 5.000 евра.

Битиќи пријавил дека има и две кредити: првиот во износ од 1.519.900,00 денари (околу 25 илјади евра), додека вториот – 3.038.881,00 денари (околу 50 илјади евра) со рок на отплата до 2040 година.

Вкупниот пријавен имот на Битиќи изнесува 410.000 евра.

 

Вкупен имот во € по години