ЕКСПОЗИЦИЈА

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Арјанит Хоџа е роден на 18 октомври 1986 година во Ресен.

Во 2008 година дипломира на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Пред да биде дел од БЕСА, тој беше висок функсионер најпрвин на партијата за демократски просперитет (ПДП) на покојниот Абдурахман Алити, а потоа и на Нова демократија (НД) на Имер Селмани.

Во периодот од ноември 2003 до април 2004 година е ангажиран како координатор на проект поддржан од ОБСЕ.

Од октомври 2005 година до септември 2006 година е член на Европскиот младински парламент.

Во 2010 година преку меѓународната програма VLP European Young Leaders престојува во САД.

Од 2009 година е основач и управител на приватна компанија од областа на производството и трговијата.

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Зборува албански, македонски и англиски јазик.

Оженет, татко на три деца.

Вкупната вредност на пријавениот имот на Арјанит Хоџа е околу 630 илјади евра. Во имотниот лист е наведено дека од 2009 е сопстевник на хартии од вредност кои сочинуваат сопственички удел од 100 отсто од компанија, но притоа не дал информации за вредноста на истите.  Хоџа има пријавено дека има три кредити каде должи над 80 илјади евра.

Дури шест ставки од неговиот лист се недвижен имот на име на неговите родители, и тоа: стан од 100 метри квадратни и гаража (50м2) во Скопје, стан во Струга (62м2), куќа (349 м2) и магацински простор (139 м2) во село Крани, Ресен  и земјоделско земјиште 0д 10.467 м2 во истото село. На име на неговите родители е и моторно возило „Мерцедес Ц200“ од 2003 година.

Како негов личен имот Хоџа пријавил моторно возило „Фолсваген пасат“ од 2015 година и хартии од вредност, каде не навел детални податоци за која компанија и колку истите изнесуваат.

Вкупен имот во € по години