ЕКСПОЗИЦИЈА

Александар Николоски

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеник од 2011 до 2016 година, потоа повторно на функција од 2020 година. Роден на 24.3.1984 во Охрид. Македонец. Дипломиран политиколог; магистранд, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје.

Активности во Собранието:

Комисија за уставни прашања, член
Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, член
Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
Комисија за надворешна политика, заменик-член
Комисија за европски прашања, заменик-член

52.715
58.536
98.698

Николоски располага со стан од 60 квадратни метри во Охрид, сопственост на сопругата вреден 58.536 евра со кој се стекнал во 2018 година. Има две возила, од кои шкода суперб од 2018 год. која е негова соптственост, и ја купил нова за 24.390 евра. Неговата сопруга вози џип Компас, купен 2017 вреден 28.325 евра. Николоски и неговата сопруга на банкарските сметки, пријавиле дека имаат 82.894, а има и еден лизинг во износ од 15.804 евра. Ова податоци Николоски ги пријавил оваа година и ги има на страницата на ДКСК.

Николоски беше против кандидат на Зоран Заев на последните парламентарни избори во изборната единица 3.

 

Тој е предмет на предистражна постапка во случајот “Пајажина„ каде постојат сомненија за перење пари, на 23 мај 2020 година изјави обвинителката Вилма Русковска

Вкупен имот во € по години