ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Ангелинка Петкова
Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 27.12.1971 во Гевгелија. Македонка. Дипломирала на Филозофскиот факултет, група Социологија, УКИМ – Скопје.
Активности во Собранието:
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
Комисија за труд и социјална политика, член
Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
Пратеничката Петкова е пристутна со два листа за имотната состојба на сајтот на ДКСК. Во едниот како член на Управниот одбор ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Гевгелија, се до минатата и почетокот на оваа година. Таму пријавила само имот на сопругот, куќа од 170 м2 без наведе вредност, како и автомобил Шевролет Круз вреден 6.504 евра.
Но, како што станала пратеник во јули годинава, листата на нејзниот имот драстично се зголемува. На новата листа доставена до ДКСК, Петкова наведува дека има дворно земјиште, ниви, куќи, сите сопственост на нејзиниот сопруг. Овие парцели имаат вкупна површина од 32.992 м2, но повторно не ја наведува нивната вредност. Овој имот во се наоѓа во Гевгелија или блиското село Прдејци..
Петкова во годинава се засилила и со кредит од 2000 евра.