ЕКСПОЗИЦИЈА

Владо Мисајловски

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Мисајловски (2020 – 2024) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 21.1.1985 година во Скопје. Македонец. Магистер, Факултет за општествени науки.

Тој беше министер за транспорт и врски во Владата на ВМРО-ДПМНЕ од мај 2015 до јуни 2017 година.

Во 2017 година, Мисајловски беше кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.

Активности во Собранието:

Комисија за транспорт, врски и екологија, претседател
Комисија за надворешна политика, заменик-претседател
Комисија за уставни прашања, заменик-член
Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член

19.504 евра
26.016 евра

 

Пратеникот Мисајловски пријавил во анкетниот лист забалежан на сајтот на ДКСК на 11.11. 2020 година, автомобил Мерцедес Б класа на сопругата вреден 6504 евра. Тој пак вози Ауди А4 вредно 13.000 евра. Пријавил три кредитни картички на кои вкупно има 6.504 евра и два кредита вкупно вредни 19.512 евра.

Братот на пратеникот Мисајловски, Ацо Мисајловски се водеше како сопственик на порталот Курир, се до моментот кога Владо Мисајловски не стана министер во мај 2015 година.

 

На 21 јуни 2020 година, Мисајловски тврдеше дека некој фрлил експлозивна направа во семејната пекара во Ѓорче Петров.

Вкупен имот во € по години