ЕКСПОЗИЦИЈА

Дајанчо Ефтимов

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Ефтимов (2020-2024) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 18.5.1983 година во Струмица. Македонец. Магистер на правни науки; додипломски студии – „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје; постдипломски студии – УГД „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
3.252 евра
25.836 евра

 

Пратеникот Ефтимов, пријавил два анкетни листа до ДКС, едниот како член на советот на општина Василево, доставен во 2019 година. На него пријавил дека како личен имот поседува само штедна книшка на која има 8.617 евра, а останатиот имот, куќа, земјоделско земјиште и автомобили се води на име на брат му и родителите.

 

Како пратеник во анкетниот лист до ДКСК забележан на 11.11.2020 година пријавил и стан во Струмица за кој не навел вредност, автомобил Тојота Корола вреден 3.252 евра, денарски депозит од 7.317 евра, како и кредит од 9.902 евра на име на сопругата.

Вкупен имот во € по години