ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Ѓорѓија Сајкоски
Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот Сајкоски (2020-2024) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 8.12.1972 во Кичево. Македонец. Доктор на историски науки, Филозофски факултет – Скопје, Институт за национална историја.
Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.
Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година. Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година. Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево 2010 до 2020 година.
Активности во Собранието:
- Комисија за локална самоуправа, заменик-претседател
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за култура, заменик-член
Како личен имот на сајтот на ДКСК, забележан на 12.11.2020 година, Сајкоски како личен имот пријавил стан во Скопје, вреден 38.699 евра, автомобиле Цитроен Ц4 вреден 3.902 евра, како и платежна картичка и штедна на име на сопругата на кои има 5.853 евра.
Неговите родители, пријавил, Сајкоски, поседуваат куќа со деловен простор и градешно земјиште во Кичево со големина од неколку илјади м2