Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничката Панова (2020-2024) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 10.1.1984 година во Струмица. Македонка. Магистер по деловно право, „Јустинијан Први“, УКИМ – Скопје.
Активности во Собранието:
Законодавно-правна комисија, член
Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
Комисија за економски прашања, заменик-член
Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
Пратеничката пријавила имот забележан на сајтот на ДКСК на 12.11.2020 година каде навела дека има “заеднички имот“ (не навела со кого) во Струмица кој се состои од кат од куќа, деловни простории, подрум, гаража се во вредност од 69.420 евра (за некои недвижнини не навела вредност). Потоа како личен имот навела стан во Скопје со гаража и помошни простории вреден 102.277 евра, понатаму две возила хонда акорд од 22.380 евра и скутер Гилера вреден 1000 евра. Панова има и животно осигурување за кое плаќа 1252 евра годишна, а пријавила и имот на деца како кирија од 300 евра и пензија од татко од 153 евра месечно, а земала и еден кредит од 34.466 евра.