ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Киро Здравев
судија
Образование:
Работно искуство:
Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – граѓански оддел.
Во 1988 година е избран за претседател на Општински суд Штип – кривичен оддел.
Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – граѓански оддел.
Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија каде е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во Советот за граѓански дела.
Како судија на Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.
Во 1993 година е член на Иницијативниот одбор за основање на Здружението на судиите на Република Македонија.
Од 1994-2002 година е член на Управниот одбор на ЗСРМ.
Со основање на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ е ангажиран како едукатор за почетна и континуирана едукација.
Член е на повеќе комисии за измена и дополнување на закони и за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
Во 2001 година со членовите на Одборот на Центарот за едукација бил на студиски престој во Националниот судиски колеџ во Рино (Невада) и во Вашингтон (САД).
Има објавено повеќе трудови.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.
На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски сoвет на Република Македонија.
На ден 25.04.2019 година е избран за претседател на Судски совет на Република Северна Македонија, која функција започна да ја обавува од 27.04.2019 година.
Претседателот на судскиот совет не ставил ништо на свое име. Стан од 15.000 евра во Штип, како и земјоделско земјиште од 90 евра, гаража од 2000 евра, како и кредит од 60.000 евра ги листал како заеднички имот со сопругата. Другото е имот на неговите деца каде влегуваат два стана во Скопје и еден кредит. За заедничкиот имот не навел основ како е стекнат. Ова е имотната состојба забележана на ден 1.12.2020 година на сајтот на ДКСК
Имотна состојба забележана на 1.12.2020 година на сајтот на ДКСК