ЕКСПОЗИЦИЈА

Белкиса Зеќири

Пратеник
СДСМ

Белкиса Зеќири е пратеничка на СДСМ во актуелниот пратенички состав. Родена е нa 27.04.1984 во Скопје. Во нејзината биографија стои дека е дипломирана стручна забна техничарка-протетичарка на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Не е доволно позната за пошироката јавност. Пратеничкото место го добива наместо нејзината партиска колешка, Радмила Шеќеринска, која си даде оставка. Според објавените информации во медиумите, таа доаѓа од општинската организација на СДСМ во општина Маврово-Ростуше.

 

Активности во Собранието:

-заменик член во Постојаната Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

 

Белкиса Зеќири нема имот на свое име. Сѐ се води на име на нејзиниот брачен другар. Како имот пријавила стан од 75 квадратни метри во Гостивар, кој го навела како „имот на брачен другар“ во вредност од 2,7 милиони денари. Навела и едно возило марка БМВ во вредност од 125.000 денари и тоа на име на нејзиниот сопруг, како и кредит на име на сопругот од 1,2 милиони денари. Кредитот сопругот ќе треба да го враќа до 2027 година.

 

Вкупен имот во € по години