Пратеник
СДСМ
Таа е членка на СДСМ. Родена е на 30.7.1974 во Гевгелија. Дипломирана професорка е по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и дипломирана инженерка по информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Слично како дел од нејзините колеги, и таа не навела дека поседува недвижности на нејзино име. Како личен имот навела единствено кредит во износ од 32.103 денари, како и кеш во износ од 360 илјади денари. Недвижности има нејзиниот сопруг и тоа: куќа од 198 квадратни метри во Богданци, каде поседува и две земјишта, едното од 2521 квадрати, додека другото од 926 квадратни метри. Во Богданци поседува и градежен објект од 20 квадратни метри. Целиот овој недвижен имот чини 3,37 милиони денари или 54.861 евра.
Нејзиниот сопруг има кредит од 120.000 денари, а во готово има 300.000 денари.
Како „имот на деца“ пријавила денарски депозити во износ од 102.107 денари и средства во готово кои се водат исто така како „имот на деца“ во износ од 500.000 денари или нешто над 8000 евра.