ЕКСПОЗИЦИЈА

Емилија Рамбабова

Пратеник
СДСМ

Во биографијата напишала дека е членка на СДСМ. Родена на 8.5.1977 во Штип. Специјалистка по орална медицина и патологија; како и магистер по стоматолошки науки на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
5.000 евра
15.620 евра

 

Освен едно „Пежо 307“, девизна штедна книшка на 14. 262 евра и 83.578 денари на сметка, Рамбабова не пријавила ништо друго како личен имот. Се друго пријавила како имот на нејзините родители. Тука влегува стан во Штип од 104 квадратни метри вреден 4.3 милиони денари или 70. 227 евра, како и гаража од 15 квадрати вредна 370.200 денари. Нејзините родители имаат возило „Даеву Ланос“ вредно 123.400 денари. Имаат и пари на сметки и тоа 20.039 евра на девизна штедна книшка, како и 2.535.042 денари (или 41.220 евра) на денарска штедна книшка и на трансакциска сметка.

Вкупен имот во € по години