ЕКСПОЗИЦИЈА

Коле Чаракчиев

Пратеник
СДСМ

Член е на СДСМ. Роден на 28.12.1957 во Радовиш. Дипломиран електроинженер на УКИМ – Скопје.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
2.000 евра
72.600 евра
49.400 евра
48.746 евра

 

 

 

За разлика од неговите колеги, Чаракчиев скоро се пријавил како негов личен имот, со исклучок на една трансакциска сметка која се води на неговата сопруга каде напишал 40.000, но не ја навел валутата. Тој има куќа во Радовиш од 120 квадратни метри, во вредност од 3.6 милиони денари или над 58.000 евра, потоа градежно земјиште од 1047 квадратни метри во вредност од 900.000 денари или над 14.600 евра, како и земјоделско земјиште од 3.300 квадратни метри во Радовиш вредно 2.1 милиони денари.

Во анкетниот лист навел и помошни објекти од 32 квадрати вредни 900.000 денари или над 14.600 евра и возило „Фиат Пунто“ вредно 120.000 денари или околу 2000 евра.

На девизна штедна книшка Чаракчиев има 22.000 евра, депозит од 500 долари, парично побарување од 5000 евра, а отплаќа и кредит од 1.23 милиони денари. На трансакциска сметка има 113.000 денари или околу 2000 евра.

Имотна состојба на ден 17.11.2020 година

Лист 1 како советник

Лист 2 како пратеник

Вкупен имот во € по години