ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Марија Костадинова
Пратеник
СДСМ
Член на СДСМ. Родена на 18.11.1972 во Гевгелија. Македонка. Професор по одделенска настава, Педагошки факултет „Гоце Делчев“ – Штип.
Активности во Собранието:
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
Костадинова од личен имот има само кредити во износ од 950.000 денари или над 15.000 евра кои треба да ги враќа до 2025 година. И нејзиниот сопруг има кредити во износ од 1.140.000 денари или 254 илјади евра.
Нејзиниот сопруг има куќа од 290 квадрати во Миравци, вредна 5 милиони денари или околу 81.000 евра. Дворот е пријавен со вредност од 600.000 денари или околу 10.000 евра. Нејзиниот сопруг има и две возила „Фолксваген Пасат“ и „Рено Меган Сеник“ со вкупна вредност од 250.000 денари.
Костадинова има и графа „имот на фирма“ во Миравци, но нема опишано за каков имот станува збор. Вкупната вредност на овој имот е 19.193.000 денари или околу 312 илјади евра.
Таа пријавила и депозити како „имот на деца“ во вкупен износ од 51.000 евра.