ЕКСПОЗИЦИЈА

Ненад Коциќ

Пратеник
СДСМ

Член на СДСМ. Роден на 13.7.1976 во Велес. Специјалист по интерна медицина, Медицински факултет, Скопје. Коциќ е познат во јавноста како долгогодишен активист во невладиниот сектор, кој стана препознатлив како голем поборник за заштита на животната средина, посебно во Велес, каде се залагаше за заштита на Велес од работата на Топилницата.

 

Активности во Собранието:

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за здравство, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
25.000 евра
16.000 евра
25.300 евра

 

 

Она што Коциќ го пријавил како сопствена недвижнина е „куќа за одмор“ во Чашка вредна 1 милион денари или малку повеќе од 16.000 евра, како и специјалистичка ординација по интерна медицина „д-р Коциќ“ за која не пријавил вредност, ниту други детали. Поседува две возила: „Шевролет Авео“ и „Тојота Корола“ во вкупна вредност од 1.525.000 денари или околу 25000 евра. Во банка има 5300, но не навел која валута се овие средства. Додека, има и 1.204.751 денари или скоро 20.000 евра.

Коциќ пријавил имот на неговите родители. Тие поседуваат Општа ординација „Центар за дијагностика и лекување“ во Велес но не опишал детали. Тие имаат и стан и деловен простор во Велес во  вкупна вредност од 2.618.000 денари или 42.571 евра.

 

 

 

 

 

Вкупен имот во € по години