ЕКСПОЗИЦИЈА

Лорета Горгиева

судија

Образование:

Дипломирала на 30.06.1993 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положила на 20.10.1999 година.

Работно искуство:

На 07.2.2006 година е избрана за судија во Основен суд Струмица,  каде до 2018 година работеше како судија во кривичното одделение.
Од 2010-2014 година е претседател на Подружницата на Здружението на судии на РМ за Основен суд Струмица.
Во 2012 година работи како дел од работната група на Проект ЗСРМ со поддршка Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На ден 18.12.2018 година е избрана за член на Судски совет на РМ.

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.

91.159 евра

 

Судијата Горгиева има два анкетни листа на сајтот на ДКСК. Првиот е доставен кога била судија во Основнот суд во Струмица во 2006 година. Како личен имот таму пријавила само девизна картичка на која има од скоро 1000 евра. Другото е имот на родителите, а заеднички имот со сопругот има автомобил Голф вреден 4000 евра и кредит од 2000 евра.

Ова е вака се до 2018, кога е избрана на член на судскиот совет. Оттогаш анкетниот листа на судијата Горгиева станува драстично поголем. Таа пријавила имот на сопругот, неколку парцели земјоделско земјиште и куќа вредниос близу 200.000 евра. Сега веќе на листата нема заеднички имот, а како личен имот наведен е штедна книшка од 16.569 евра и уште една од 14.590 евра, како и кредит од од 60.000 евра.

Вкупен имот во € по години