ЕКСПОЗИЦИЈА

Министер за финансии

Фатмир Бесими завршил Економски факултет, насока „Финансии и банкарство“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година. Според официјалната биографија, постдипломски студии по економија завршил на Универзитетот „Стафордшир“ во Обединетото Кралство во 2002 година, а и докторирал на истиот со тезата „Монетарна и девизна политика на курсот во Република Македонија за време на процесот на пристапување кон Европската Унија“ во 2007 година.

Бесими во текот на образовниот процес завршил и голем број професионални курсеви и обуки, меѓу кои и „Tрансформациско лидерство“ на Универзитетот Оксфорд, „Основи за лидерство на 21 век: Вредности“ на Институтот за глобални работи на Универзитетот Јеил, „Глобално лидерство и јавна политика на 21 век“ на Школата за управување Харвард Кенеди при Универзитетот „Харвард“, „Програма за лидерство за одржлив развој“ на Светска банка, Кембриџ и ПраисвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers).

Тој извршувал голем број јавни и државни функции. Во два мандата е избран за заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања – првпат од март 2013 година до мај 2014 година и вторпат од јуни 2014 до март 2016 година. Во два мандата е избран за министер за економија, и тоа од декември 2004 година до јули 2006 година и од август 2008 година до јули 2011 година. Функцијата директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги ја извршувал од ноември 2002 до август 2003 година.

Извршувал и други владини ангажмани. Бил копретседавач со Советот за економски раст и одржлив развој во рамки на Канцеларијата на премиерот и Владата од август 2017 година до мај 2019 година, специјален советник на премиерот од август 2017 година до април 2019 година, копретседавач на Националниот комитет, национален координатор за ИПА, координатор за Инструментот за претпристапна помош и билатерална финансиска поддршка на национално ниво како заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, како и член на Советот за национална безбедност како министер за одбрана.

Бесими има богата кариера и во рамки на банкарскиот сектор. Ја извршувал функцијата  вицегувернер на Народната банка од август 2003 година до ноември 2004 година. Бил економист во Канцеларијата на Светска банка во Косово од ноември 2007 година до јули 2008 година и истражувач во Народната банка на Република Македонија од мај 2001 година до октомври 2002 година. Претходно бил стручен соработник во Стопанска банка A.Д. Скопје.

Во рамки на академските ангажмани и наставна кариера, Бесими e вонреден професор на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа и визитинг висок соработник (вонреден професор) на Лондонската школа за економија и политички науки при Европскиот институт.

Одржал голем број меѓународни предавања на светски реномирани универзитети како на пример, Универзитетот „Вебстер“ во Женева, Лондонската школа за економија и политички науки, Дипломатската академија во Виена, Центарот за европска политика во Брисел, Институтот за меѓународни и европски прашања во Даблин, Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, Школата Харвард Кенеди при Универзитетот „Харвард“, Универзитетот во Џорџтаун, Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон, Универзитетот во Вермонт и на Воената академија во Загреб.

Автор е на две, а коавтор на повеќе книги. Има објавено над стотина научни и стручни трудови и учествувал на голем број научни меѓународни конференции.
Бил ангажиран како консултант од меѓународни финансиски институции како што се Светска банка и УНДП за анализи и проекти во земјава, Европа и Централна Азија.
Раководел со повеќе проекти и иницијативи поврзани со јавниот сектор, економијата, енергетиката итн. Добитник е на неколку награди и признанија, вклучително и наградатa „Редот на ѕвездата на Италија“ со одлука на Претседателот на Италија за придонесот во развојот на билатералните односи меѓу двете земји за време на претседателството на Италија со Советот на ЕУ. Член е на „Млади лидери за 2010“ и „Европски идни лидери“.

Зборува албански, македонски, англиски и хрватски јазик и има основно познавање на германскиот јазик.

Во 2015 година, за време на обавување на функцијата Земаник на Претседел на Владата за европски прашања, Фатмир Бесими нема пријавено скоро ништо на негово име. На име на неговите родители има пријавено куќа во Тетово со површина од 160 м2 во вредност од 10.455.000 денари (околу 170.000 евра), градежно земјиште со површина од 1.200 м2 во Боговиње во вредност од 6.765.000 денари (околу 110.000 евра), земјоделско земјиште во Приок со површина од 1000 м2 во вредонст од 1.230.000 денари (околу 20.000 евра) и моторно возило Голф од 2007 година во вредност од 1.414.500 денари (околу 23 илјади евра). Како заеднички имот имал пријавено куќа во Скопје со површина од 410 м2, купена во 2010 година, чија вредност изнесува 13.530.000 денари (околу 220 илјади евра) и кредит во износ од 4.920.000 днеари (оклолу 80 илјади евра), земен во 2009 година со рок на исплата до 2019 година. Како имот на брачен другар имал пријавено моторно возило Опел Астра од 2010 година во вредност од 738.000 денари (околу 12.000 евра), додека на име на неговиот брат има пријавено Шевролет Спарк од 2008 година со вредност од 492.000 (8.000 евра).

Вкупно во 2015 година Бесими има пријавено имот во вредност од околу 643.000 евра. 

Во најновиот имотен лист пријавен како Министер за финансии, Бесими како заеднички имот ја пријавил куќата во Скопје со иста површина но со поголема вредност – 16.912.000 денари (околу 275.000 евра), како и стан од 108 м2 исто во Скопје со вредност од 5.627.865 денари (околу 92.000 евра), купен во 2017 година.

Како имот на родители има пријавено куќа во Тетово со површина од 160 м2 во вредност од 10.455.000 денари (околу 170.000 евра), градежно земјиште со површина од 1.200 м2 во Боговиње во вредност од 6.765.000 денари (околу 110.000 евра), земјоделско земјиште во Приок со површина од 1000 м2 во вредонст од 1.230.000 денари (околу 20.000 евра) како и станбен објект од 404 м2 стекнат во 2018 година со вредност од 7.836.366 денари (околу 128.000 евра).

Како имот на брачен другар пријавил моторно возило Џееп Компас од 2018 година со вредност од 2.218.620 денари (околу 36.000 евра), месечни приходи од кирија во износ од 215.250 денари (околу 3.500 евра) и девизен депозит во износ од 2.152.500 денари (околу 33.000 евра).

Бесими во новиот имотен лист има пријавено личен имот во форма на банкарски депозити во износ од 1.659.340 (околу 27.000 евра) како и компанија вреднувана 360.000 денари (околу 6.000 евра).

Новата вкупна вредност на имотниот лист на Бесими изнесува

 

Вкупен имот во € по години