ЕКСПОЗИЦИЈА

Исмаил Дарлишта

обвинител

Исмаил Дарлишта е роден на 4 април 1964 година во Скопје. Основното и средното образование го завршил во Скопје, а потоа во 1984/85 година се запишал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Дипломирал во 1989 година, а правосудниот испит го положил во Скопје во 1991 година. По дипломирањето, во периодот од 1990-1996 година рабоел како советник на Собранието на Град Скопје.

Истовремено, во периодот од 1996-2000 година бил заменик член на Државната изборна комисија и работел како самостоен референт во Општина Центар во Скопје. Потоа се вработил како заменик директор во Агенцијата за Државни службеници во периодот од 2000-2002 година. Во периодот од октомври 2002 до октомври 2003 година бил именуван за Министер за правда на Република Македонија. Од 20 јули 2005 година до 31 декември 2006 година работел како член на Републичкиот судски совет.

На функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија бил избран на 31 јули 2008 година.

Од 6 декември 2017 е државен јавен обвинител.

6.300 евра
143.000 евра
244.000 евра

Обвинителот Дарлишта од имот пријавил куќа во Визбегово и два автомобила. Куќата со двор навел дека вреди 143.000 евра додека двата автомобила БМВ иМерцедес вредат 6.300 евра. Како зединчки имот, најверојатно со сопругата навел деловен простор вреден 244.000 евра

Вкупен имот во € по години