ЕКСПОЗИЦИЈА

Весна Дамева

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Образование:

Дипломирала на 18.04.2002 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосуден испит положила на 18.10.2004 година. Магистрант е по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство:

Целото работно искуство го има стекнато во Основен кривичен суд Скопје (претходно Основен суд Скопје 1 Скопје), каде е вработена од Октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник. Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Обуки и тренинзи:
Во текот на работењето, континуирано го надградувала своето знаење преку учество и посета на стручни обуки и  тренинзи од различни области меѓу кои и дел oрганизирани во соработка со ОБСЕ и ОПДАТ, со проектот CARDS 2004, со проект финансиран од ЕУ, Европската комисија преку TAIEX и други, а активно учество земала и на сесии органзирани за измени на закони, како КЗ, ЗКП, Закон за судска служба.

На ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година.

Дамева не пријавила вредност на половина од нејзиниот имотен лист. Вредност не е наведена за два стана во Скопје, акции и удели и за банкарските сметки.

Од делот на пријавениот имот со дадена вредност, резултира дека Дамева поседува 192.040 евра.

 

Вкупен имот во € по години