ЕКСПОЗИЦИЈА

Ханиф Зендели

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Година на избор:
22.01.2020

Образование:

Дипломирал на Правен факултет во Приштина.
Правосудниот испит го положил во 2003 година во Скопје.

Работно искуство:

Прво вработување од 2000 до 2005 година во ДЗГР – Одделение за премер и катастар – Тетово, како правник.

Во 2005 година се вработува во Основен суд Тетово како стручен соработник.

На 20.05.2008 година е избран за судија на Основен суд Скопје 2 Скопје.

На 8.05.2009 година е избран за претседател на Основен суд Тетово.

На 14.05.2013 година е реизбран за претседател на Основен суд Тетово.

На 15.09.2016 година е избран за судија во Апелационен суд Гостивар.

на ден 22.01.2020 година избран е за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија.

Од вкупно пет ставки пријавен имот, Зендели кај три нема наведено вредност на истиот. Така, резултира дека поседува имот во вредност од само 17.770 евра, од кои околу 10 илјади евра се кредит а останатите – моторно возило.

Вкупен имот во € по години