ЕКСПОЗИЦИЈА

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Година на избор:
12.12.2019

Образование:

Дипломирал во 2000 година на Државниот универзитет во Тетово.
Правосудниот испит го положил во 2011 година во Скопје.
Магистер на Правни науки во 2009 година на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина.

Работно искуство:

2003 – 2005 година – Национален Демократски Институт (НДИ).

2005 – 2009 година – Секретар на Општина Гостивар.

2009 – 2010 година – Раководител на Сектор за правно-нормативни работи во администрацијата на Општина Гостивар и Раководител на Одделение за инспекциски надзор во општинската администрација на Општина Гостивар.

01.08.2010– 01.08.2011 година – Државен советник во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор при Владата на Република Македонија.

01.08.2011– 05.10.2013 година –  Државен советник во Министерство за правда.

На ден 05.10.2013 година по предлог на Собрание на Република Македонија е избран за Член на Судски Совет на Република Македонија.

На ден 13.03.2015 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Македонија, која функција ја обавува до 25.04.2016 година.

На ден 25.04.2019 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија и функцијата ја обавува до истек на мандатот, односно до 4.10.2019 година.

На ден 12.12.2019 година по предлог на Собрание на Република Северна Македонија е избран повторно за Член на Судски Совет на Република Северна Македонија.

Адеми пријавил имот вреден 225.189 евра, при што не е наведена вредноста за три ставки. Освен за вредноста, за ставката „Опрема за слаткарница“ не дал информации ниту за карактеристика ниту пак за основата на стекнување на истата. Вредност не навел ниту за две кредити, кои доспеваат во 2021 година.

Вкупен имот во € по години