ЕКСПОЗИЦИЈА

Лорета Горгиева

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Година на избор:
18.12.2018

Образование:

Дипломирала на 30.06.1993 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положила на 20.10.1999 година.

Работно искуство:

На 07.2.2006 година е избрана за судија во Основен суд Струмица,  каде до 2018 година работеше како судија во кривичното одделение.
Од 2010-2014 година е претседател на Подружницата на Здружението на судии на РМ за Основен суд Струмица.
Во 2012 година работи како дел од работната група на Проект ЗСРМ со поддршка Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На ден 18.12.2018 година е избрана за член на Судски совет на РМ.

Само три ставки се пријавени како личен имот од страна на Горгиева, и тоа две штедни книшки и еден кредит со вкупна вредност од околу 93.000 евра. Поголемиот дел од имотот е на име на брачниот другар, а има и на име на нејзините деца.

Вкупната пријавена имотна состојба на Горгиева изнесува 368.153 евра.

Во споредба со  2018, до кога ја извршувала функцијата судија на Основен суд Струмица, Горгиева го зголемила нејзиниот имот за повеќе од два пати. Нејзиниот имотен лист како судија изнесувало околу 162.000 евра.

Вкупен имот во € по години