ЕКСПОЗИЦИЈА

Мирсад Суроји

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Година на избор:
18.12.2018

Образование:

Дипломирал во 2004 година на Правен факултет – Државен Универзитет во Тетово, а правосудниот испит го положил во 2008 година.

Работно искуство:

Од 2005-2007 година работи како приправник во Основен суд Куманово.
Од 2007-2009 година работи во Општина Куманово – Сектор за даноци и такси – Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок како член на Комисијата.
Од 2009-2012 година работи како судски соработник во Основен суд Куманово.
Во декември 2012 година е избран за судија во Основен суд Куманово – кривичар.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.
Има учествувано на многу други регионални и меѓународни конференции, а исто така бил на студиски престој во Вашингтон ДС и Оклахома во САД организирана од Амбасадата на САД во РСМ.

На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на РМ.

Пријавениот имот на Мирсад Суроји изнесува 268.849 евра. Само две ставки се личен имот, додека оснатаните гласат на име на неговите родители или брачен другар.

До изборот за член на Судски совет, како судија на Основен суд Куманово, Суроји пријавил декла поседува имот во вредност од 261.425 евра.

Вкупен имот во € по години