ЕКСПОЗИЦИЈА

Киро Здравев

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

Година на избор:
18.12.2018

Образование:

Дипломирал во 1981 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положил во 1982 година.

Работно искуство:

Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – граѓански оддел.
Во 1988 година е избран за претседател на Општински суд Штип – кривичен оддел.
Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – граѓански оддел.
Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија каде е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела.
Како судија на Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.
Во 1993 година е член на Иницијативниот одбор за основање на Здружението на судиите на Република Македонија
Од 1994-2002 година е член на Управниот одбор на ЗСРМ.
Со основање на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ е ангажиран како едукатор за почетна и континуирана едукација .
Член е на повеќе комисии за измена и дополнување на закони и за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
Во 2001 година со членовите на Одборот на Центарот за едукација бил на студиски престој во Националниот судиски  колеџ во Рино (Невада) и во Вашингтон (САД).
Има објавено повеќе трудови.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.

На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски сoвет на РМ.

На ден 25.04.2019 година е избран за претседател на Судски совет на Република Северна Македонија, која функција започна да ја обавува од 27.04.2019 година.

Пријавениот имот на Киро Здравев изнесува 230.332 евра, од кои околу 100 илјади се кредити кои му доспевале во 2020 година.

Во претходно пријавениот имот како судија во Врховен суд, вредноста на имотот на Здравев била 187.758 евра.

Вкупен имот во € по години