ЕКСПОЗИЦИЈА

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Роден на 11.04.1959 во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 година.

Правосуден испит положил во 1991 година.

Во 1997 година е избран јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во 2008 година е избран јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Во 2012 година е избран јавен обвинител во јавно обвинителство на Република Македонија.

Од 16.02.2018 ја извршува функцијата Член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија избран од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавно обвинителство на Република Македонија.

Од 30.08.2019 година ја извршува функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пријавениот имот на Ацо Колевски изнесува 196.320 евра, од кои само два стана не се на негово име.

Во 2012 како обвинител во ЈО пријавил имот во вредност од 172.237 евра.

 

Вкупен имот во € по години