ЕКСПОЗИЦИЈА

Љубомир Јовески

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Љубомир Јовески како Јавен обвинител на Република Северна Македонија е член по функција.
Јовески е роден на 03.01.1954 година во с. Долгаец, прилепско.
Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1978 година.
Правосудниот испит го положил во 1983 година.
Во својата професионална биографија Јовески има повеќе од 15 години работно искуство како судија на предмети од кривична материја, повеќе од 12 години работно искуство како јавен обвинител и 7 години работно искуство во областа на извршување на кривичните санкции.
Во 1987 година Јовески е избран за судија во Општинскиот суд Скопје 2, а во 1995 и 1996 година ја извршува функцијата заменик-претседател на Судот.
Од 1996 година е вршител на должноста претседател на Општинскиот суд Скопје 2, по што е избран и за претседател на Основниот суд Скопје 2 Скопје за мандат од четири години. Како судија постапувал по предмети од кривичната област.
Во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2009 година е избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2015 година, е избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители која функција ја извршувал до изборот за јавен обвинител на Република Македонија.

Членот на Советот и Јавниот обвинител Љубомир Јовески пријавил имот во вредност од само 55.449 евра. Во неговиот лист е наведен само личниот имот. Меѓу другото, Јовески навел дека поседува и возило марка Југо Темпо од 1998 година, вредна 15 илјади денари.

Во 2006 имал пријавено имот во вкупна вредност од  44.300 евра, без да се наведе половина од вредноста на вториот стан. Во овој имотен лист две ставки се запишани како заеднички имот, а има и еден кредит во  вредност од 5 илјади евра, предвиден да биде исплатен до 2009 година.

 

ВМРО ДПМНЕ го смета Јовевски како близок човек на Заев. Во октомври 2018 година побара смена на Јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, истакнувајќи дека „Јавното обвинителство мора да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот“.

Вкупен имот во € по години