ЕКСПОЗИЦИЈА

Коле Штерјов

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Роден на 02.05.1959 година, во с. Видовиште Кочани.
Гимназија завршил во 1977 во Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1986 година. Правосуден испит положил во 1992 година.
Во 1989 година се вработил во Окружното јавно обвнитителство Скопје каде бил приправник и стручен соработник. Во 1998 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во 2004 година е избран во Одделение за гонење кривични дела од областа на организиран криминал и корупција во Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Во 2009 година е избран за заменик Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Во 2016 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Од 31.08.2017 година ја извршува функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Од 30.08.2019 година ја извршува функцијата Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пријавениот имот на Коле Штерјов изнесува 279.237 евра, од кои три ставки се чичен имот, осум се имот на брачен другар и еден е заеднички имот.

Во 2009 година, како обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, Штерјов има пријавено имот вреден 192.728 евра. Во овој имотен лист нема запишано вредност за три ставки: хартии од вредност и банкарски депозити на брачен другар, и лични банкарски депозити.

 

Вкупен имот во € по години