ЕКСПОЗИЦИЈА

Фиданка Рајевска

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Родена на 21.02.1960 година во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1983 година.
Правосуден испит положила во 1986 година.
Од 1985 до 1986 година работи како приправник во Окружното јавно обвинителство Скопје.
Од 1986 до 1997 година работи како стручен соработник во Окружното јавно обвинителство Скопје.
Во 1997 година е избрана за Заменик Јавен Обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во 2012 година е избрана за Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.
Во 2016 година е избрана за член на Советот на jавни oбвинители на Република Македонија.

Пријавениот имот на Фиданка Рајевска има вредност од 851.730 евра. Од 15 ставки на нејзиниот лист, само 3 се личен имот кои изнесуваат околу 88 илјади евра. Останатите ставки гласат на име на брачен другар, додека за една (куќа со двор) не дала податок.

Вкупен имот во € по години