ЕКСПОЗИЦИЈА

Ангел Солев

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Завршил правен факултет на Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје во 1982 година.
Од 01.03.1983 год вработен е како привравник во Општинскиот суд Скопје1 Скопје.
Во 1984 година положил правосуден испит и распореден е како стручен соработник во истиот суд.
Во 1986 год избран е за судија на Општинскиот суд Скопје1 Скопје, каде работи како истражен судија до 1988 год, а потоа до 1997 год како судија-претседател на совет кој донесува пресуди во прв степен.
Во јануари месец 1997 год избран е за претседател на Основниот суд Скопје1 Скопје и оваа функција ја извршува до 2001 год.
По завршување на мандатот продолжува со обавување на судиската функција до 30.09.2003 год.
На 30.09.2003 год избран е за член на Републичкиот судски совет на РМ, која функција ја обавува до 2007 год, кога поради направени измени во Уставот на РМ му престанува функцијата.
Од 01.05.2007 год до изборот за член на Советот на јавните обвинители на РМ работи како адвокат.
На ден 05.03.2018 год од страна на Собранието на РСМ избран е за Член на Советот на јавните обвинители на РСМ.

Пријавениот имот на Ангел Солев изнесува 264.255 евра. Само две од деветте ставки се наведени како личен имот, додека останатите гласат на име на деца или брачен другар.

Вкупен имот во € по години